Во рамките на одбележувањето на 8 Декември, Свети Климент Охридски-патронот на Охрид, во Центарот за култура Григор Прличев денеска беше промовирана песната за Свети Климент Охридски, која според најавите ќе биде прогласена за химна на градот, за што наскоро одлука треба да донесе Советот на општината.

Музиката и текстот за песната  ги напиша познатиот македонски композитор Димитар Масевски, кој воедно е и аранжер. Песната за Св. Климент Охридски ја исполнуваат Славица Петроска – Галиќ-сопран и Марјан Николоски-тенор.На промоцијата тие беа придружувани од хорот на охридската гимназија.

Иницијатор на песната е здружението на граѓани Св. Климент Охридски, а реализацијата на идејата ја помогна  локалната самоуправа.