Од СВР Охрид со повеќе детали околу пронаоѓањето на безживотното тело, вчера, на Сараиште. Безживотното машко тело, било забележано синоќа околу 17 часот и 50 минути, во водите на Охридското езеро и се наоѓало на дното на езерото на околу четири метри длабочина и на оддалеченост од околу десеттина  метри од езерскиот брег.

– По извршениот увид на местото на настанот предводен од јавен обвинител  и полициски екипи, констатирано е дека удавеното лице е  Димитри А. (61) од Охрид. На безживотното тело не се забележани траги на насилство, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По  наредба на Јавен обвинител, денеска, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

OhridNews