Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, изнесува 104.4.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (8.8 %), Административни и помошни услужни дејности (7.9 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (7.3 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (5.0 %), Образование (3.0.%) и Преработувачка индустрија (1.9 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2019 година, изнесува 25 435 денари.

OhridNews