Стотина работници од Маакедонија ангажирани од подизведувачот на автопатот „Викторија инвест“ од Албанија, утрово излегоа на протест незадоволни од тоа што не примиле плата во договорениот рок, но и поради непочитување на договорите за работа.

-Плата требаше да земеме до 15, 16-ти јуни, но нема ништо. Наскоро ќе треба да ни се исплати и следната плата. Тоа е причината што веќе трет ден не работиме и најавуваме дека тоа ќе остане така се додека не ни бидат исплатени примањата. – изјави работник.

-Не се почитуваат ниту договорите за работа кои ги потпишуваме месец за месец. Речиси редовно ни се крати од платата без никакво образложение зошто се прави тоа. Бараме да се почитува законот, а за случајот ги известивме надлежните институции. – додаде друг работник. 

Незадоволните работници велат дека засега немаат добиено информација од компанијата зошто не им се исплатени платите. Бараат од надлежните институции и одговорните во старата и новата влада да објаснат што се случува со автопатот и да преземат мерки за заштита на работниците.

Oд компанијата засега нема официјален став во врска со настанатата ситуација.

OhridNews