Жителите од струшкото село Радожда денеска го блокираа пристапот до новоизградената депонија и не дозволија камионите на јавното комунлно претпријатие-Струга да го истурат сметот во депонијата.

Тие бараат депонијата веднаш да биде затворена бидејќи како според нив таа претставува потенцијална еколошка бомба. Според нив депонијата која се наоѓа во атарот на селото Мали Влај  ќе ги загадува подземните води кои се влеваат во изворите од кои со вода се снабдуваат околните села, како и Охридското Езеро кое е на два километри од депонијата.

Тие тврдат дека локалната самоуправа ги нема обезбедено потребните дозволи за отворање на депонијата  и бараат таа да биде дислоцирана  од атарот на селата Радожда и Мали Влај.

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко тврди дека се запазени сите законски процедури при изградбата на времената депонија кај Ќафасан и дека проектот позитивно бил оценет од надлежните инспекциски служби. Земјиштето е глиновите и не дозволува понирање на отпаднитеводи вели Мерко кој го обвини директорот на служвбата за животна средина во Мионистерството за животна средина и просторно планирање дека заедно со неговиот сопартиец од ВМРО НП од огранокот во Радожда го поттикнува локалното население на протести кои според него се неосновани.

Мерко вели дека не постои опасност од загадување на иворите, ниту на Охридското Езеро и дека депонијата која е проектирана да опслужува и до 60.000 жители е изградена според највисоките стандарди.