Мртвата трка помеѓу Вардар и Академија Пандев за врвот во Првата македонска фудбалска лига продолжува со несмалено темпо, откако двете екипи забележаа победи на домашен терен во 10-та рунда од шампионатот.

Фудбалерите на Вардар пред своите гледачи не погреши против тимот на Борец и славеше со 2-0. Во 3-та минута отпорот на велешани го скрши Аврамоски а печат на победата стави Адем во 71-та минута од мечот.

Академија Пандев во мечот кој го судеше охриѓанецот Марјан Ецкоски лесно се справи со Македонија Ѓорче Петров победувајќи со 4-0. „Пандевци“ постигнаа по два погодоци во двете полувремиња и забележаа висока победа. Стрелци на головите беа Дориев, Стоилов, Рајковиќ и Томовски.

Во дуелот на Градскиот стадион во Струга, екипата на Струга ТЛ со минимални 1-0 победи против Ренова и забележа нов триумф во фудбалската елита. Човек на одлука беше Драгарски во 54-та минута од мечот.

Резултати:

Академија Пандев – Македонија ЃП 4-0

Вардар – Борец 2-0

Силекс – Шкендија 3-0

Струга ТЛ – Ренова 1-0

Шкупи – Работнички 2-0

Табела: Вардар 24, Академија Пандев 24, Шкупи 16, Македонија ЃП 16, Шкендија 14, Струга ТЛ 14, Ренова 13, Силекс 12, Борец 11, Работнички 10

OhridNews

Струга Трим Лум и се реваншираше на Ренова (видео)