На 26-от Републички натпревар на детски и младински хорови што се одржа во Кавадарци, хорот при ОУ „ Братство и единство“  ја освои првата награда.

Мултиетничкиот хор под диригенство на Бурим Хидри го претстави училиштето со познатата  „Ода на радоста“ која хорот ја изведе на трите наставни јазици на училиштето- македонски, албански и турски јазик и „ Mad World“ од Tears for Fears со аранжман на наставникот.

Од своето формирање во 2005 година,  мултиетничкиот  хор при „Братство и единство“   во континуитет ги освојува највисоките награди на хорските смотри. Единствен е во Република Македонија по својот мултиетнички состав и по своите настапи на кои учениците од сите етнички заедници пеат на јазиците на кои се изведува наставата во училиштето.

OhridNews