Со сечење црвена лента, денес, беше пуштена во употреба новата пешачка патека од Кошишта до Канео.

Како што истакна градоначалникот Нкола Бакрачески, станува збор за реализација на еден од подобрите и покорисни проекти на локалната самоуправа и претставува нов квалитет во понудата за рекреација, спорт и уживање во прекрасните пејсажи.

– Првобитниот фидбек е одличен, досега нема ниту еден лош коментар што е потврда дека граѓаните со консензус го одбруваат овој проект и се задоволни од реализацијата. Тоа за нас е поттик и мотивација дека ваквите проекти треба да продолжат. Тоа беше и наша замисла, за граѓаните да најдиме начин, преку нашите надлежности, да создадеме нешто поради кое луѓето ќе излегуваат, се рекреираат, спортуваат и заеднички се дружат и споделуваат животни искуства и градат меѓусебна доверба, рече Бакрачески.

Пешачката патека се протега од Кошишта преку Лабно се до Канео, со два краци кон плажата Лабино, Воска и Даљан. Патеката е долга 2,7 километри.

OhridNews