Да се работи успешно 30 години и да имате илјадници задоволни клиенти со убави насмевки е исклучитено достигнување. Така е од март 1989 година, кога во Охрид со работа започна првата приватна стоматолошка установа во Македонија „Д-р Јолевски“ на Д-р Мирослав Јолевски, која до денес е препознатлив бренд во областа на денталното здравје.

Приватната здравствена организација „Д-р Јолевски“ низ децениите растеше, се осовременуваше и ги прошируваше дејностите. Денес таа е модерно опремен стоматолошки центар со тим од 16 вработени, доктори специјалисти, стоматолози, медицински и друг помошен персонал, кој го предводи Д-р Љубо Јолевски, специјалист по ортодонција.


Д-р Љубо Јолевски

Најнапредна дигитална технологија, усовршување и иноватовност

ПЗО „Д-р Јолевски“ покрај општа стоматологија, нуди услуги од областа на ортодонција, пародонтологија, протетика, дентална хирургија, белење на заби… Ординациите располагаат со најсовремена опрема и најнапредна дигитална технологија за рентген снимки и дијагностика, како и опрема за ласерска терапија која ја опслужува стручен персонал кој постојано се усовршува и ги надградува знаењата.
ПЗО „Д-р Јолевски“ први во регионот ги направи проѕирните исправувачи на заби, кои се сметаат за најново достигнување во областа на ортодонцијата, значително поефикасни и полесни за носење и одржување од класичните протези.

Годините потрошени за усовршување на овој метод даваат неверојатни резултати и нашите пациенти ги прават многу среќни и задоволни. Со помош на овој третман, многу проблеми поврзани со ортодонција може да се решат во краток временски период. – велат од ПЗО „Д-р Јолевски“, која деновиве одбележува тридецениски јубилеј.

ПЗО „Д-р Јолевски“ е членка на „European Aligner Society“ и на „DGAO- Deutsche Gesellschaft fur Aligner Orthodontie“, а вработените покрај клиничката работа, пишуваат и објавуваат стручни и научни трудови во земјава и странство и активно учестуваат на европски и светски конгреси.

Успешната приказна на ПЗО „Д-р Јолевски“ продолжува.

OhridNews
фото: Емил Јовановиќ