Во пресрет на летната туристичка сезона, во просториите на општина Охрид се одржаа два работни состаноци помеѓу Секторот за туризам и локален економски развој, претставници на такси компаниите и угосителиските објекти во Охрид.

Целта  беше да се разгледаат тековните состојби во пресрет на летната туристичка сезона и да се определат насоки и решенија за истите. Беше укажана потребата од заедничко делување во справувањето со негативните појави евидентирани во изминатите години, за кои се понудија можни решенија за нивно елиминирање.

На состанокот на кој обострано се прифатија иницијативи чија чел е прологнигирање на туристичката сезона, се дојде до заклучок дека ваквиот тип на средби треба да се интензивираат.

OhridNews