Во куќата на Уранија во Охрид, денеска, продолжува 50-та јубилејна Школа по природно право, на која како предавачи учествуваат еминентни предавачи од земјава и странство.

Пред учесниците на школата, предавање денес ќе одржи искусниот дипломат од кариера Рајнхард Прибе, а меѓу предавачите е најавена и специјалната јавна обвинутелка Катица Јанева.

Теми на школата се „Демократијата и владеењето на правото“; „Устав, владеење на право и човекови слободи и права“; „Демократија и политички партии“ и „Независно судство“.

Школата за природно право во Охрид ја посетуваат 30 магистранти и докторанти по право и политички науки.

OhridNews