Македонската ракометна репрезентација ќе го поддржи големиот хуманитарен хепенинг, што под мотото “Заедно за еден детски живот” ќе се одржи денеска на пладне на градскиот плоштад во Охрид во организирација на медиумската заедница, Црвениот крст и општина Охрид.

– Сите заедно ќе ја покажеме нашата грижа со тоа што ќе бидеме дел од еден голем хуманитарен настан, кој го поддржаа и ракометните репрезнтативци, покажувајќи голема хуманост. Присутните ќе имаат можност да уживаат во богата културно забавна програма исполнета со песна, музика, балет, театар... велат организаторите.

Собраните средства ќе бидат наменети за лекување на 11 годишно момче на кое му е потребна итна операција во Кина, која чини 35.000 евра.

Организаторите ги повикуваат охриѓани да го поддржат хуманитарниот хепенинг, што ќе се одржи на градскиот плоштад од 12 до 17 часот.

Исто така граѓаните можат да донираат средства од мобилен телефон на сите оператори:

ОNЕ – 075 143 113

ВИП – 077 143 155

Т-mobile – 070 143 105

Или на следнава жиро сметка: 530500017615254 Охридска Банка

Присутните на хепенингот на градскиот плоштад ќе може да купат влезница за популарното кабаре шоу “2 Mothers Brothers” на охридскитe актери Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски, што исто така во хуманитарни цели ќе се одржи во понеделник во Центарот за култура.

OhridNews