Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, победи на трката за Големата награда на Австрија, осма од сезоната во Формула 1, која се возеше на патеката „Ред Бул Ринг“ во Шпилберг.
Британецот, кој стартуваше од пол-позицијата, ја забележа втората победа сезонава, оставајќи го зад себе Макс Верстапен од Ред Бул, додека третото место му припадна на неговиот тимски колега Кими Антонели. Во првите пет завршија уште Оскар Пјастри (Мекларен) и Луис Хамилтон (Ферари).
Во генералниот пласман и натаму води Кими Антонели со 171 бод, пред Расел со 131 и Хамилтон со 125. Следуваат Пјастри со 80, Норис со 79, Леклер со 79 и Верстапен со 73 бодови. Во конкуренција на конструктори води Мерцедес со 302 бода, пред Ферари со 204 и Мекларен со 159.
OhridNews










