Со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за идно вработување, општина Охрид согласно Годишната програма на одделението за локален економски развој за 2017 година, во која се предвидени: “Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд”, распишува конкурс за спроведување на бесплатни курсеви за: основни познавања од електро струка, основни познавања од машинска струка, кроење и шиење, пекари и сметководители.

Предност на пријавување за овие курсеви имаат лицата кои се со статус на невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Македонија – Центар за вработување Охрид, евидентирани како лица кои активно бараат работа. Деталите околу пријавувањето може да се видат на интернет страната на општина Охрид.

Потребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна 15 дена од денот на објавувањето на Конкурсот.

OhridNews