Во последните 24 часа се направени 1045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19, од кои 9 во Охрид.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера истакна дека големениот број заболени од Ковид 19 во Охрид е резултат на флагрантно кршење на препораките и мерките за заштита од коронавирусот. Посочи семејна прослава на која присуствувале околу 200 луѓе, како кластер од кој се регистрирани многу нови позитивни случаи на коронавирус во градот.

Нешто што апсолутно нема логика и го осудувам. Го осудуваат сите здравствени работници. Не може да има собири од 200 луѓе кога е забрането собирање.  – рече Филипче.

Најмногу нови случаи има во Скопје -85, по што следуваат:
– Куманово 24
– Дебар 3
– Штип 5
– Прилеп 3
– Тетово 18
– Струга 5
– Охрид 9
– Гостивар 2
– Гевгелија 1
– Крива Паланка 1
– Кочани 1
– Македонски Брод 1
– Валандово 1
– Свети Николе 2
– Ресен 2
– Неготино 1

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (53г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина пациентка (60г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 9 јуни.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 60 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 12 оздравени пациенти, во: Скопје 3, Прилеп 6, Струга 1, Велес 1 и Виница 1.

Досега во земјата се направени вкупно 41.049 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот, информира Министерството за здравство.

OhridNews