Судскиот совет денеска го разреши претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, со образложение дека нестручно и несовесно ја вршел функцијата.

Иницијативата за разрешување на Вангеловски ја поднесе невладината „Зелена лупа“.

Вангеловски има право на жалба на одлуката на Судскиот совет пред Врховниот суд.

OhridNews