Со одлука на министерот за здравство Венко Филипче разрешен е в.д. директорот на Центарот за јавно здравје  Скопје Арбен Зибери, по неговата изјава дека влијаел на одлуката за отворање на границите за да можат иселениците Албанци да гласаат на претстојните парламентарни избори на кои ДУИ претендира на премиерското место играјќи на етничка карта. Партијата за кандидат за прв Албанец премиер го предложи Насер Зибери, стрико на разрешениот Арбен.

Арбен Зибери денеска обвини дека одлуката за негово разрешување е политичка и поврзана со изборите. Министерот за здравство демантира.

Разрешувањето следи веднаш по изјавата за работата на комисијата со што сметам дека го поткопа угледот на членовите на комисијата за заразни биолести кои што целиот изминат период професионално работеа, одлуките кои ги ноесеа беа исклучиво врз основа на медицинската наука, на епидемиологијата и сметам дека апсолутно никој не смее да политизира ниту пак да добие политички поени на едно такво сензибилно прашање. – изјави министерот Филипче.

Филипче истакна дека во текот на кризата предизвикана од Ковид 19 биле сменети тројца директори, а Зибери е четвртиот и дека нема да дозволи политизирање на стручната работа на Комисијата за заразни болести и политички да поентира.

Што се однесува до актуелната здравствена состојба, Филипче истакна дека во летниот период се очекува ослабување на ширењето на опасниот коронавирус, но дека на есен постои опасност од нов бран кој би можел сериозно да го оптовари здравствениот систем, многу повеќе од првиот и вториот бран.

OhridNews