Ракометарите на Охрид во рамки на 4-то коло од плеј-офот во Супер лигата гостуваат кај РК Еурофарм Пелистер.

Ни следува тежок меч во одлучувачки момент од сезоната. Ние сме два тима кои играме на високо ниво и со добра подготовка и менталитет ќе имаме шанса за победа, изјави ракометарот на ГРК Охрид Ориол Реј Моралес.

Натпреварот се игра во среда, 8 април, во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:00 часот.

OhridNews