Министерството за здравство информира дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 7.219 тестови, а регистрирани се 1.913 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 888, Битола – 148, Кавадарци – 111, Куманово – 83, Велес – 72, Охрид – 59,Тетово – 58, Прилеп – 51, Штип – 50, Струмица – 44, Гевгелија – 38, Кичево- 34, Гостивар и Неготино – по 31, Струга -30, Делчево – 26, Кочани – 24, Ресен – 23, Радовиш и Валандово – по 19, Свети Николе и Богданци – по 9, Крива Паланка, Виница, Крушево и Македонска Каменица – по 7, Пробиштип и Демир Хисар – по 6, Берово и Кратово – по 5, Пехчево – 4, Македонски Брод – 2.
Од МЗ посочија дека од вкупниот број на позитивни (1.913), регистрирани се 243 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 16 починати лица: 6 починати лица од Скопје (61г, 67г, 78г, 83г, 89 и 89г), 3 од Струмица (70г, 79г и 80г,) по 2 починати од Охрид (69г и 85г) и Прилеп (84г и 84г) и по едно починато лице од Битола (80г), Гевгелија (64г) и Кочани (79г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Во моментов во Охрид има636 активни случаи, а во Струга 240.
OhridNews











