Без победник 2-2 заврши првата “Ел Класико“ пресметка во Шпанската Примера. Прв серијата ја отвори Роналдо, на што возврати Меси. Во вториот дел ситуацијата беше обратна, прво Меси ја доведе Барселона во предност, а изедначи Роналдо.

По седумте одиграни рунди Барселона има осум бода предност пред Реал Мадрид.