Без победник 1-1 заврши тест средбата на Пелистер и Партизани од Тирана која вчера ја одиграа двете екипи на охридскиот стадион „Билјанини Извори“.

Погодоците и најголем дел од возбудувања се одвиваа во првото полувреме. Гостите околу 20-та минута го отворија резултатот и поведоа со 1-0. Битолските „зелено бели“ иницијативата до крајот на полувремето ја валоризираа со изедначувачки погодок. Стрелец беше Нето.

Во вториот дел темпото на игра опадна, двајцата тренери ротираа во составот и мечот заврши без победник 1-1.

Пелистер сезоната во Првата лига ја започне со една победа, две реми и еден пораз и котира на седмата позиција на табелата. Партизани во Охрид одработува подготовки и ќе одигра уште неколку мечеви со екипи од нашата земја.

OhridNews