Со нов лик, вкусна традиционална храна, зголемена понуда и капацитет и неодолив поглед кон Охрид од 1100 метри надморска височина, од денеска со работа продолжува ресторанот и вила „Минами“ во Горно Коњско.

Ресторанот е комплетно реновиран и сега располага со капацитет од 120 столчиња. Квалитетот на храната, услугата и топлиот амбиент се задржани, а угостителскиот комплекс надополнет со место за престој е вистински избор за одмор и релаксација далеку од градската бучава.

Ресторанот е отворен за секаков вид на веселби. Уникатното мени низ кое се преплетуваат вкусовите на националната кујна и специјалитетите по нарачка ја будат имагинацијата. „Минами“ мисли и на најмладите посетители на кои на располагање им стои детско катче кое е опремено со разни забавни реквизити за спокоен престој.

Ресторанот „Минами“ работи секој ден од 8 до 23 часот, а резервации и нарачки може да се направат на бројот 076 900 007.

Од оваа година во „Минами“ може да се изнајмат и четириколки и да се ужива во авантура низ живописните планински предели од каде се пружа прекрасна глетка на белото езеро, од која застанува здивот.

OhridNews