Половина од реквизитите во детското игралиште кај каналот Студенчишта се во лоша состојба, а дел и воопшто не можат да се користат.
И покрај тоа што во вечерните часови игралиштето е затворено, дали поради големиот број на деца кои секојдневно го посетуваат или пак поради несовесно однесување на повозрасните, поголемиот број од реквизитите се надвор од употреба и стојат расфрлани.
Родителите со апел до надлежните веднаш да се изврши санација на реквизитите, особено на оние кои сеуште се во употреба, но нивното користење може да доведе до несакани последици за најмладите.
Обновеното и проширено детско игралиште кај каналот Студенчишта свечено беше пуштено во употреба во јануари минатата година. Проектот го реализираа општина Охрид и ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ во соработка со Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје. При тоа, старите детски реквизити беа заменети со нови, а се изврши и соодветно хортикултурно уредување на просторот.
Т.К.


















