Ротаракт клубот Охрид, следејќи ја состојбата во Србија и Босна и Херцеговина, сакајќи да даде придонес кон актуелните масовни хумани активности, во наредните три дена на градскиот плоштад во периодот од 12:00 до 18:00 часот, организира донаторска акција.

Оттаму апелираат до хуманите граѓани, во рамките на своите можности, да донираат и да ја поткрепат оваа акција.

„Истакнуваме дека треба да се донираат прехрамбени производи (конзервирани, трајни), прехрамбени производи за лица кои боледуваат од  дијабетис, вода за пиење-флаширана, храна за бебиња, средства за хигиена, пелени, материјали за прва помош, облека, обувки, гумени чизми, ќебиња.“ – велат од Ротаракт клубот Охрид.

Во рамкие на акцијата, ќе биде поставена и донаторска кутија во која може да се донираат парични средства, кои потоа ќе бидат уплатени на официјалните сметки за помош на овие земји.

„Запомнете дека секое парче облека, секое парче храна и секој денар се брои и на ним им е од огромно значење. Упатуваме благодарност до општината и ЈП Градски пазар за обезбедениот собирен пукт и логистичката помош.“ – потенцираат од Ротаркт клубот Охрид.

OhridNews