Тешки зборови, навреди, закани по живот , тупаници, физички пресметки, вооружени партиски телохранители, шамарање новинар и апсење на тв екипа, се само дел од срамните случувања во македонското Собрание  за време на вчерашната седница, со која и е нанесен сериозен удар на македонската демократија.

Работите дополнително се искомпликуваа отако активисти на ДУИ синоќа се обиделе да блокираат улици околу парламентот при при интервенирала полицијата. Во меѓувреме на медиумите се вртеа изјави на актерите кои директно или индиректно учествуваа во целата оваа лакрдија што се случува на само десетина дена до извештајот за напредокот на Македонија на Европската комисија.

Што ќе пишува во него? Не треба да се биде мнбогу паметен за да се знае, доволно беше да се чујат првите реакции на амбасадорот на САД Миловановиќ и на ЕУ претставниците, и се е јасно.Тие жестоко ги осудија инцидентите.  Премиерот Груевски изрази жалење за случувањата во Парламентот кои, како што рече, не се добри за демократијата и упати апел до политичарите за смирување на страстите. Колку апелите на меѓународната заедница и на премиерот ќе имаат ефект ќе видиме уште денеска за кога е закажано продолжението на вчера прекинатата седница.

Со нашиве парламентарци Господ нека ни е на помош.

Г. Момироски