Саемот за туризам прави рокади во подготoвките на Амак СП
14.01.09 07:05
Подготовките за вториот дел од кошаркарската сезона на охридскиот Амак СП ќе претрпат претумбации откако спортската сала “Билјанини Извори“ ке биде вон употреба од 14-21 јануари.
Спортската сала во овај период ќе биде ставена во служба на вториот по ред меѓународен саем за туризам, кој ке се одржува во Охрид од 17-20 јануари.
Еднонеделниот период охриѓани ќе го искористат да одиграат неколку пријателски натпревари преку кои ке ја темпираат формата за стартот на вториот дел од шампионатот кога ќе го имаат првиот шампиноски тест, гостувањето на бранителот на титулата Фени Индустри.
– Овај период на зафатеност на салата ќе го премостиме со тоа што ке одиграме неколку пријателски натпревари. Во петок ке гостуваме кај Пелистер во Битола, додека во вторник ќе гостуваме во Скопје кај Вардар. Во меѓуврме ќе тренираме во некоја од салите на основните училлишта – истакна стратегот на охриѓани Марјан Лазоски.
Во идентична ситуација тимот на Амак се најде и минатиот месец кога поради натпреварите од ракометното европско првенство за сениорки тренираа и играа во Струга. Охргани одиграа еден натпревар против тимот на Торус кој го добија со 90-79.
Света Троица 2021 продолжува со добрите настапи во Третата македонска фудбалска лига – Регион 5, откако на гостувањето во Кичево славеше над Напредок 1928 со 2:1 До важните три бода, Света Троица с...
ГРК Охрид убедливо го совлада Спор Тото и во реванш натпреварот од второто коло на ЕХФ Европскиот куп и сигурно го продолжува патот во одбрана на европската титула „Гладијаторите“ вечерва во „Билја...
Охрид Лихнидос го доби дербито на врвот во Втората македонска фудбалска лига, совладувајќи го Работнички со 1:0 Стрелец на единствениот гол беше Матески, кој во 53 минута донесе голема победа за ох...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.