Постара Јапонка (79) нападнала со нож две жени на токиската станица од подземната железница бидејќи сакала да и помогне полицијата откако побегнала од домот за бескуќници.


Жртвите имале околу 20-тина години и полесно се повредени во нападот кој се случил во петокот вечерта, а старицата е уапсена на местото на нападот.

-Побегнав од домот на почетокот од неделава и немам пари. Мислев, ако предизвикам инцидент полицијата ќе се погрижи за мене-рекла старицата.