Изминатава недела, охриѓанецот Антонио Ристески кој е дел од музичкиот проект „Само Тони и Две Жени“, во центарот на Штип одржа хуманитарен концерт за настраданите од поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина.

Како што вели Ристески, настанот кој бил организиран во соработка со Црвениот крст и локалната самоуправа од Штип, наишол на позитвни реакции од присутните.

„Настанот помина одлично, а веднаш по него организиравме хуманитарна свирка во Пиано бар, каде граѓаните имаа можност да донираат за настраданите од поплавените подрачја. Искрено се надевам дека и останатите музичари од земјава ќе се приклучат кон овие хуманитарни акции.“ – вели Ристески.

Ристески кој е апсолвент на џез контрабас на штипскиот Универзитет, моментално работи на проектот „Само Тони и Две жени“, a автентично за него е тоа што истовремено свири на гитара, тапани, усна хармоника, казу и бас гитара.

Досега, има настапeнo на повеќе манифестации ширум земјава, како Виноскоп во Скопје, Баскерфест Македонија, Фестивалот Т’к так во Кавадарци, вкулучувајќи ги и настапите со Сашо Гигов-Гиш во Домот на млади во Штип. Неоддамна, со култниот босански бенд Дубиоза Колектив сними видео за  песната „Kažu”.

OhridNews