Охриѓанката Ели Аиноска – Аин, денеска ќе се претстви со самостојна изложба пред културната јавност во Кавадарци. Изложбата „Цртежи и слики“ ќе се одржи во локалниот Музеј – Галерија на Кавадарци, каде ќе бидат поместени делата на Аиноска.


Започнувам со линија. Го користам јазикот на линијата – спонтан, исполнет со вишок енергија, мисловно празен, воден од моменталната состојба, а сепак способен да понуди богато естетско решение. Колористичката интервенција е ставена во функција за да се разбие едноличноста на линијата. Во овој случај бојата е само една надоградба, само една успешна артикулација помеѓу црната и црвената – пулсот кој ја прикажува енергијата на животот во мојот измислен свет полн со градби, вели за своите уметнички дела, Аиноска.

Ели Аиноска – Аин  е родена 1980 г. во Охрид. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот за сликарство во класата на проф. Симон Шемов. Од 2007г е на постдипломски студии по графика под менторство на проф. Мирко Вујисиќ. Во 2008 станува член на ДЛУМ.

Самостојни изложби:
2007 г. – Охрид, музејска зграда “ Робевци”
2008 г. – Белград, “БЛОК”- галерија
2009 г. – Кавадарци, Локален Музеј – галерија Кавадарци
Учествувала на повеќе групни изложби во земјава и странство: Белград, Нови Сад, Бостон , Њу Јорк, Истанбул, Велес, Кавадарци, Куманово, Струга , Скопје и Охрид.

Ohridnews