Во тек се активностите за санација на реконструираните праисториски објекти од локалитетот Плоча – Миќов град во Заливот на Коските кај Градиште информираат од НУ Завод и Музеј Охрид.

Во следните месеци ќе се извршува континуирана обнова на сите оштетени делови од куќичките и огништата кои се презентирани во овој музејски комплекс. Планираните активности се реализираат под раководство на конзерваторот Ванчо Димоски, велат од установата.

Во однос на тековно одржување на локалитетот претходно беа извршени и реконструкција на пристаништето, статичко зајакнување на пристапната патека кон наколната населба, а беа заменети и сите стари дотрајани греди од самата платформа.

Активностите како што беше посoчено беа во насока на обезбедување на подобри услови за сите посетители и зголемена безбедност на локалитетот.

Инаку, локалитетот Музејот на вода кај Градиште важи за најпосетуван локалитет, веднаш зад Самуилова тврдина.

OhridNews