Саудиска Арабија ќе биде земја домаќин на завршницата од фудбалскиот Супер куп на Шпанија кој ќе се одигра од 8 до 12 јануари следната година.

Во шпанскиот Супер куп ќе учествуваат Барселона како шампион од Ла лига, Валенсија како победник во Купот и Реал Мадрид и Атлетико Мадрид како најдобро пласирани на табелата.  При ждрепката која ќе се изврши на 11 ноември нема ограничувања и може секој со секого да се сретне.

Челниците од Ла лига со властите од Саудиска Арабија преговораат за шестгодишна соработка која на шпанците ќе им донесе 180 милиони евра.

Саудиска Арабија полека станува мека за европскиот фудбал. Во декември оваа година таму ќе се одигра Супер купот на Италија во кој ќе се сретнат Јувентус и Лацио.

OhridNews