СДСМ Дебрца обвинува дека општината Дебрца на репрезентација троши значителна сума пари.

-Од расположливите податоци се гледа дека во изминативе четири години  само за ставката „репрезентација“, односно за гозби и ручеци,  од џебот на граѓаните Трајкоски  потрошил 1.185.520 или 19.340 евра. Така, за оваа намена во 2013 година потрошени се 261.966,00 денари, во 2014 година потрошени се 286.975 денари, во 2015 година потрошени се 341.069 и во 2016 година потрошени се 295.510 денари. Ако кон овој износ се додадат и потрошените средства за набавка на прехранбени продукти и пијалоци, кои во најголем дел се користени за потребите на кабинетот на градоначалникот, во вкупен износ од  558.329 денари,  произлегува дека за ручеци и пијалоци општината потрошила 1.743.849 денари или  28 448 евра, износ кој е премногу голем за општина со ограничени финансиски ресурси. – велат од ОО СДСМ Дебрца.

Оттаму додаваат дека во 2012 година кога беше претходната локална власт општината за репрезентација потрошила 84.303 денари, а за прехранбени продукти и пијалоци 13.490 денари, што според социјадемократите потврдува дека овие непродуктивни трошења значително се зголемени во наредниот период.

-По локалните избори и смената на актуелната локална власт ќе и ставиме крај на ваквата практика. Ќе обезбедиме добро управување со општинските надлежности и одговорно и домаќинско управување со општинските ресурси. – истакнуваат од ОО СДСМ Дебрца.

OhridNews