Внатрепартиската трка за кандидат за градоначалник во владејачката СДСМ добива на интензитет.

Во тек е процедурата за предлагање на кандидати во месните организации на охридскиот огранок. Од партиски извори дознаваме дека неколку имиња се меѓу фаворитите на базата. Меѓу нив само една дама, актуелната претседателка на советот Живка Ангелоска, потоа актуелниот в.д. градоначалник Константин Георгиески, долгогодишниот претседател и активен член Нуме Јованоски, како и претседателот на општинската организација Лазе Танески. Во јавноста уште можат да се слушнат и имињата на виските партиски функцонери Томислав Тунтев и Ѓоко Танасоски.

Во меѓувреме течат и анкети во кои во главно се вртат спомнатите имиња. Конечната одлука околу кандидатот за градоначалник на Охрид ќе ја донесе централното раководство на партијата.

Претседалот на Собранието Талат Џафери, вчера ги распиша предвремените избори за градоначалник во Охрид. Првиот круг ќе се одржи на 21 април, а евентуалниот втор круг на 5 мај.

OhridNews