Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува граѓаните на смиреност и присебност, да не подлегнуваат на мрачни сценарија за предизвикување конфликтност и дестабилизација на Македонија.

-Го повикувам Никола Груевски веднаш да излезе пред граѓаните на Македонија и да им објасни кој, зошто, со каква цел ја дестабилизира Македонија? Дали и зошто криминални групи од територијата на соседните држави влегуваат во Македонија? Кој ги организира и со каква цел? Истото треба да го направи и Али Ахмети. Жртви се граѓаните и Македонци и Албанци, и полицајци и цивилно население. Сега најважно е да му се помогне на цивилното население и да му се обезбеди и гарантира сигурност и безбедност, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Тој нагласи дека црното сценарио нема да успее и дека граѓаните препознаваат кој има интерес од вакво сценарио и нема да дозволат да бидат вмешани во ваквото сценарио.

-Македонците, Албанците и сите други граѓани се заедно како никогаш досега. Убеден сум дека тоа така и ќе остане, рече Заев.

OhridNews
Извор:„Телма“

И ДПА повикува на смиреност

ДУИ :Конфликтот не е агенда на Албанскиот народ-Граѓаните да не подлегнуваат на провокации