Наместо индустриска развојна зона, локалитетот Мауцкер веќе неколку години е депонија која го загрозува здравјето на охриѓани, обвинува СДСМ. Партијата попладнево објави фотографии на кои се гледа како густ чад се издига од дивата депонија на влезот од Охрид и побара итно решение на проблемот.

„Тоа што мандатот на градоначалникот и на советниците од денеска е истечен, не смее да ги доведе во ризик граѓаните и нивните имоти.

Од фотографиите во прилог може да се види дека гори сметот на локацијата којашто служи како отпад за градежен шут.

ВМРО-ДПМНЕ неодговорно го блокираше формирањето на новата Влада и го одложи изборот на нови локални власти.Но оваа партија на локално ниво со години штети на охриѓани и со конкретниот проблем, бидејки сметот од градотвоопшто не се носи и не се складира во депонијата кај Буково, туку се расфрла и се закопува во Мауцкер, спротивно на законскитепрописи за управување со отпадот и заштита на животната средина.“ – соопшти СДСМ. 

Според оваа партија потребни се итно нова одговорна Влада и нови локални власти коишто нема да ги доверуваат во ризик граѓаните и нивното здравје.

OhridNews