Централниот изборен штаб на СДСМ на денешната координативна седница зазеде став парламентарните избори да се одржат веднаш штом се стабилизира епидемијата.

На македонските граѓани им се потрбни функционални институции а пред се функционален парламент. Затоа, веднаш штом се стабилизира епидемијата, за што сме оптимисти дека брзо ќе се случи, а на основа на сите епидемиолошки и здравствени анализи на клучните надлежни институции и авторитети во здравството веднаш после тоа треба да се реализираат изборите, во првиот можен рок. Во моментот кога епидемиолозите и здравствените авторитети ќе проценат дека има услови за враќање на општествените текови во функција, изборите треба да станат реалност, што поскоро. – истакна Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

Од здравствен аспект, најдобро е демократскиот избор на новиот македонски парламент и на новата македонска политичка влада со целокупна одговорност, да се случи во период кога короновирусот е совладан, а секако пред евентуална нова закана од повторно ширење на вирусот, додаде Николовски.

Одговорноста на политичките партии и на институциите е да направат се, колку може побрзо да го обезбедиме нормалното секојдневие на граѓаните. Сите што се спротиставуваат на оваа цел на нормализирањето на состојбите придонесуваат земјата да ни остане во вонредна, во здравствено-економска криза, а тоа не е одговорно однесување. – рече Николовски.

OhridNews