Социјалдемократскиоот сојуз на Македонија денеска во 20 часот во Скопје ќе одржи протестeн митинг пред седиштето на Владата на Република Македонија во Скопје. Се очекува на собирот да присуствуваат голем број членови и симпатизери на СДСМ и нејзините коалициони партнери од сите градови.
Портпаролот на Изборниот штаб на СДСМ, Гордан Георгиев, најавувајќи го митингот на прес конференција, деновиве истакна дека Македонија 5 години е заложник на Никола Груевски и неговиот тоталитарен режим и дека секојдневно се повеќе се открива системот на заплашување, на манипулација и лажење на граѓаните.
– Во недела народот масовно ќе покаже дека не се плаши од ВМРО-вските списоци, измислени црни сценарија и нивните тепачи и уценувачи. Ги повикуваме сите граѓани кои не се согласуваат со овој режим, сите оние на коишто им е помила слободата отколку живеењето во страв, сите оние на кои денес џебот им е попразен отколку пред 5 години, сите оние коишто сакаат нормална држава а не портокалови лаги, да ни се придружат во недела на 15 мај пред Владата на Република Македонија.- рече Георгиев.










