Општинската организација на СДСМ јавно им се заблагодарува на своите членови и симпатизери кои во саботата масовно дојдоа на митингот и без гости од другите градови сами го наполнија полигонот за мали спортови.

Со одржувањето на митингот на полигонот за мали спортови ,простор кој три пати е поголем од градскиот плоштад, можеше да се види реалната бројка за посетеноста.Со ова СДСМ ,за разлика од ВМРО- ДПМНЕ ,покажа дека не манипулира со бројките за посетеност и во ниеден момент не се сомневаше дека поголемиот простор на полигонот ќе биде полупразен.
За разлика од ВМРО- ДПМНЕ ,со одржувањето на митингот на полигонот , СДСМ покажа дека ги почитува одлуките на Советот на општина Охрид и градоначалникот Александар Петрески.Митингот помина во достојна и мирна атмосфера, немаше направено никаква штета, а граѓаните и туристите вечерта можеа спокојно да шетаат низ чаршијата и градскиот плоштад. -се вели во соопштението за јавност на О.И.Ш. на СДСМ  – ОХРИД.

OhridNews