Под слоганот „На прав пат“ СДСМ започнува караван на отворени, јавни трибини со граѓаните ширум републиката.

На повеќе од 20 граѓански форуми, директно со граѓаните, (очи в очи), да ги слушнеме нивните ставови, но и да го презентираме сработеното во изминатите 2 години. За секој регион, за секое неше населено место. Ги повикуваме граѓаните да ни се приклучат, како што се приклучија на промените, како што се приклучија на напредокот, на нашите маалски и урбани средби, и да дадат свој придонес. – истакна на прес конференција Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

Првата трибина започнува оваа сабота, 5ти октовмри во Штип, а на неа ќе учествува и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, најави Николоски.

OhridNews