Во насока на подобрување на патната инфраструктура, во пресрет на летната туристичка сезона, локалната самоуправа реализира низа активности кои се дел од програмата за комунален развој.
Во тек е асфалтирање на улицата „Ѓорги Сугаре“ што се врши во две фази. Во првата фаза се асфалтираше крак со површина од 760 м2, а во втората фаза се асфалтира крак со површина од 700 м2 или вкупно се асфалтира површина од 1 460 метри квадратни.
Претходно на оваа улица се изврши поврзување на канализационата мрежа, а се реконструира и дел од постојаната водоводна мрежа.
OhridNews












