Од Локалната самоуправа информираат дека во пресрет на главната туристичка сезона , започнаа активностите за чистење на коритото на суводилицата од патот кај Рача до вливот во езерото кај  некогашниот хотел  „ Парк“ .

Паралелно привршуваат и активностите за изградба  на паркот на крајот на патеката кон  хотелскиот комплекс , по која во текот на денот  се рекреираат голем број охриѓани и туристи.