Во болницата „Св.Еразмо“, вчера, околу 15 часот, бил донесен починат 61-годишен стружанец. Тој бил вработен во фирма и изведувал работи во каменоломот на местото викано „Стрижак“ на планината Јабланица.
Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Струга. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.
OhridNews












