Во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) денес се врши гласање за избор на судија од Република Македонија во Европскиот суд за човекови права.
Парламентарците од 47 земји членки на Советот на Европа се повикани со гласачо ливче до 17 часот да изберат меѓу Наташа Габер-Дамјановска, Јован Илиевски и Звонимир Јанкуловски.

Комисијата за избор на судии при ПССЕ, претходно ги разгледа кандидатурите на сите тројца кандиати доставени од Република Македонија, на состанокот одржан на 29 и 30 септември 2016 година во Париз, каде имаше и разговори со кандидатите. Комисијата до останатите членови на ПССЕ, со тесно мнозинство од гласови предност и даде на Наташа Габер-Дамјановска, како најквалификуван кандидат предложен од Македонија, пред Јован Илиевски. Третиот кандидат Звонимир Јанкуловски, не доби препорака од Комисијата на ПССЕ.

Гласањето за судиите е тајно и првиот круг ќе биде затворен во 17 часот, по што ќе се пребројуваат гласовите. Во случај никој од канидатите да не добие апсолутно мнозинство на гласовите, вториот круг е предвиден за во среда.