Со свеченост што ќе се одржи денеска на пладне, во употреба ќе биде пуштен новиот деловно – информативен центар на НП Галичица кој се наоѓа над бензинската пумпа “Билјанини извори“. Изградбата на деловно-информативниот центар која започна во март годинава, финансиски ја помогна италијанското министерство за надворешни работи.
Во меѓувреме започна и трансформација на НП Галичица во модерен национален парк. Изработката на интегрираниот план за управување со НП Галичица треба да биде завршена во текот на овој месец, а тече и постапката за изготвување на Законот за повторно прогласување на Галичица за национален парк.











