Екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” денеска хортукултурно ја уредуваа патеката на потегот од каналот Студенчишта до Горица. Се полнеа со земја бетонските жардинерии и се засадуваа нови садници од сортата “Каталпа”, како и украсни зелени садници од сортата “Туја” и “Луницера”, кои ќе дадат поубав естетски изглед на патеката.
Инаку неодамна беа украдени повеќе садници од патека од каналот Студенчишта до Горица.
OhridNews












