Од 06.04.2019 - 20:00 до 06.04.2019 - 21:30

На 6 април во големата сала на Центарот за култура извонредното кабаре “2 Mothers Brothers” на професионалните актери Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски, ќе одбележи мал јубилеј – 5 години постоење на сцената. По тој повод “2 Mothers Brothers” подготвуваат спектакуларно шоу, засилено со гости и други изненадувања за публиката. Ексклузивно за OhridNews, кој е главен медиумски покровител на настанот, момците од “2 Mothers Brothers” откриваат детали за славеничкото шоу, што ќе се одржи на 6 април во Центарот за култура „Григот Прличев“ во Охрид.

ON: Како и кога почна приказната “2 Mothers Brothers”?

2MaBr: Годинава славиме 5 години од првата изведба на кабарето „Two Mothers Brothers“. За прв пат беше одиграно во добропознатиот клуб Џез Ин, а потоа низ многу сцени ширум земјава и странство. Идејата за 2МБ е од германските кабареа за време на вајмарскиот период, каде што истите биле окарактеризирани како „политичка и социјална сатира“, додека пак креаторите за главни и немилосрдни критичари на тогашното управување. Во нашето кабаре комедијата е таа која што преовладува и е главна нишка помеѓу иронијата, сатирата и сарказмот.

ON: Носителите на приказната “2 Mothers Brothers”, Никола и Стрезо, слават 30 години пријателство. Што се имате поминато заедно?

2MaBr:  Заедно сме буквално цел живот! Другари и сооученици и во забавиште и во основно. Во средно се поделивме, Никола беше економски, а јас општа гимназија, но нашата дружба не прекина. Заедно се запишавме на детско драмско студио и на двајцата ни влезе „чивијата“ за актерството и театарот. Потоа, и двајцата не одбија од ФДУ во Скопје (за кое што сме многу благодарни!) и заедно и како колеги и како цимери завршивме кај еден од најдобрите професори по актерска игра во Бугарија како најдобри во класа. Потоа заедно се вработивме во театарот во Охрид и еве се уште заедно работиме, создаваме и твориме. И ќе продолжиме понатака, ЗАЕДНО!“

ON: За јубилејот го засиливте кабарето со неколку гости. Што може да очекува публиката?

2MaBr: Нашите редови ги засиливме со уште двајца наши добри пријатели и соработници, Никола Јосифоски на клавијатура и Јане Тодороски на бас гитара. Публиката на 6ти април ќе има можност да види едно големо, специјално издание на кабарето. Стари песни со нови аранжмани, нов материјал и пеколна комедија од близу 120 минути. Имаме и неколку гости кои ќе не почестат со нивносто присуство, но тоа сега за сега нека остане една мала тајна.

ON: Билети, сатница, детали?

2MaBr: Билетите се пуштени во продажба во музичка продавница Зизи Топ. Во периодот заклучно со 25ти март се со промотивна цена од 200 денари, а потоа до денот на изведба по 250 денари. Стартот на шоуто на 6 април,  е во 20:00 часот на големата сцена во НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид.

ON: Уште нешто?

2MaBr: Благодарност до нашиот главен медиумски покровител ОhridНews кои безрезервно не поддржуваат сите овие години и благодаронст до планинската спасителна служба при Црвениот крст – Охрид која што не „спаси“ со тоа што ни обезбедија простории за проби.

OhridNews