
Утрово, надлежните инспекциски служби интервенираа на еден угостителски објект во централното подрачје, кој не извршил уплата на средства во дадениот рок согласно договорот.
„Се подигаат масите и столиците за кои сопственици не добиле одобрение за поставување и не ги почитувале пропишаните правила и дополнителниот рок – 15 април, до кога истите до општината можеа да поднесат барање за поставување опрема. Штом извршат уплата, повторно ќе им биде овозможено да ги постават масите и столовите, во рамките на она што е предвидено со Програмата и Договорот кој го постигнале со локалната самоуправа.“ – велат од општина Охрид.
Оттаму ја потсетуваат охридската јавност дека на општинскиот портал објавено е упатство, каде во детали е појаснето која е процедурата за добивање одобрение за поставување на урбана опрема.
„Со оглед дека одлуките на Советот на општина Охрид , и упатството се објавени уште во месец март, а истото е преобјавено во јавните медиуми во Охрид, цениме дека сите интересенти за поставување на урбана опрема имаа доволно време да постапат според законот и да ги измират своите обврски. Општина Охрид повторно потсетува дека службите на градот, мора и секогаш ќе работат согласно законот, без толеранција на било какви неправилности.“ – информираат од општината.
Инаку, засилената акција за подигање урбана опрема следи по опомените на инспекциските служби до сопствениците на кафулињата и рестораните, кои опремата ја поставиле нелегално. Акцијата продолжува и во наредните денови.
OhridNews











