На летната сцена „Долни Сарај“ во Охрид во тек се градежни активности за поставување на покривната конструкција, која има за цел да ја заштити сцената од надворешни влијанија.

Проектот за покривање на оваа сцена е дел од годишната програма на „Завод и Музеј“ од Охрид за 2014 година. Од таму се надеваат дека покривот ќе биде готов до почетокот на месец јули.

Покрај овој проект, во моментов се изведуваат и градежни активности за поставување на  покривната конструкција на Античкиот театар.

Покривните конструкции на двете сцени ќе треба да ги подобрат условите за одвивање на програмата на фестивалот Охридско лето, како и за други сценски настани кои ќе се одржуваат во Охрид.

OhridNews