Предметот Физичко и здравствено образование во својата годишна програма има содржини за ,,Провлекување”. Истите во училиштата кои поседуваат фискултурни сали тоа го реализираат со современи реквизити. Но, и во училиштата кои не поседуваат такви можности содржината ја реализираат во училница или во училишниот двор, секако според ангажираноста од наставникот и неговата инвентивност. Учениците се провлекуваат под клупи, столчиња, импровизирани соодветни површини со што се реализира наставната содржина според планирањето со што би се исполниле целите. Накратко, Ве запознав со провлекувањето, како наставна содржина.

Впрочем, конкретен исказ моментално актуелен во воспитно образовниот процес искажан со голем револт гласи: Ќе има ли online настава? Ни ги запустивте децата! Со оглед на фактот што личноста воопшто не ме познава, првпат ја среќавам, и одговорив дека секој има право на свое мислење, но нема да дозволам впечатокот од овој родител да ме стави во ист кош во кој многумина се провлекле. Во име на вистината, моите ингеренции, но пред се јас како личност никогаш нема да проговорам за провлечените именувајќи ги бидејќи самите треба да знаат дека ОДГОВОРНОСТА Е ОБВРСКА. Работните активности треба да се извршуваат ревносно, со интерес и љубов без разлика на која професија припаѓаме. Работата не исполнува, ни дава бесценета енергија да продолжиме да ги исполнуваме нашите обврски без провлекување! Секако ова се однесува и на нашиот приватен живот, без провлекување!
Секогаш пред себе доследни, за себе исполнети!
Снежана Атанасоска
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите












