Во пресрет на претстојниот празник, екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” го расчистуваат патот за црквата “Св. Спас” во с. “Лакочереј”, центарот на селото, главната улица и се до мостот, каде што се коси нараснатата трева.
Исто така екипи на јавното претпријатие беа ангажирани за косење, уредување, метење и чистење во с. “Трпејца”.
Поради обилните врнежи од дожд изминатите денови, на барање на мештаните на с. “Велестово”, Ј.П. “Охридски Комуналец” излезе во пресрет за расчистување на одрони на камења, чакал и земја на патот. Беше активирано специјално возило кое ги собра поголемите количини, како и работници кои го исчистија патот, информираат од „Комуналец“.













